Ќе паѓаат каматите и ќе поевтинуваат кредитите

Bez autora
Dec 12 2010

Кредитната линија од 480 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе влијае врз долгоочекуваното намалување на каматни стапки. Како што вчера изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, идната година се очекува зголемување на кредитната активноста на банките и намалување на каматите, а основа за тоа е новата кредитна линија од ММФ и заживувањето и стабилизирањето на македонската економија. Сметам дека со чекорите што се презедоа во 2010, а тоа со координирано и синхронизирано намалување на каматните стапки и на Централната банка и на државните записи, како и со одржување на строга фискална дисциплина, се помогна да се креираат очекувања кои кај банките ќе овозможат да се зголеми кредитната активност и да се намалат активните каматни стапки.

Ќе паѓаат каматите и ќе поевтинуваат кредититеКредитната линија од 480 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе влијае врз долгоочекуваното намалување на каматни стапки.

Како што вчера изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, идната година се очекува зголемување на кредитната активноста на банките и намалување на каматите, а основа за тоа е новата кредитна линија од ММФ и заживувањето и стабилизирањето на македонската економија.

- Сметам дека со чекорите што се презедоа во 2010, а тоа со координирано и синхронизирано намалување на каматните стапки и на Централната банка и на државните записи, како и со одржување на строга фискална дисциплина, се помогна да се креираат очекувања кои кај банките ќе овозможат да се зголеми кредитната активност и да се намалат активните каматни стапки - изјави Ставрески.

Тој очекува дека овие нови моменти - кредитната линија и стабилизацијата на економската активност, банките да ги земат предвид во своите анализи и тоа да доведе до намалување на каматните стапки.

- Банките ќе имаат постабилни услови за кредитирање и повеќе расположливи средства, така што не гледам причина, се разбира за здрави, профитабилни проекти да не се зголемува кредитната активност и се очекува таа да изнесува 10 до 15 проценти - додаде Ставрески.

На банките ќе им останат повеќе слободни средства за зголемување на кредитната активност и со евентуалното издавање на еврообврзницата. Годинава кредитната активност на банките изнесува девет проценти. Според Народната банка, кредитирањето се зголемува, но со бавно темпо. Во третиот квартал е за близу 2 отсто поголемо во однос на вториот квартал и во моментот нешто помалку од 3 милијарди евра се пласирани во кредити.

Иако Централна банка годинава седум пати ја намали референтата камата, деловните банки не ја следеа таа политика со позначително поевтинување на кредитите.

- Каматите паѓаат, иако со побавно темпо од тоа што го очекуваат клиентите - коментира директорот на НЛБ Тутунска банка и претседател на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, Ѓорѓи Јанчевски. Според него, каматните стапки исто така зависат и од бонитетот на клиентите и од видот на обезбедувањето.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik